Дома Трансфер зона Конте ја засилува одбраната: Наполи спремен да плати 40 милиони евра

Конте ја засилува одбраната: Наполи спремен да плати 40 милиони евра

Доаѓањето на Антонио Конте по разочарувачката сезона го означи почетокот на „новиот“ Наполи кој ова лето ќе направи значителни промени во тимот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Приоритет за искусниот италијански стратег е одбраната која не функционираше како што треба во изминатата сезона во кој тимот заврши на средината на табелата.

Италијанските медиуми на големо пишуваат дека е постигнат договор со Торино за продажба на капитенот Алесандро Бонџорно за сума од 40.000.000 евра.

Италијанскиот репрезентативец на маса имаше понуда од Јувентус, која е финансиски подобра не само за него, туку и за Торино, но наводно Бонџорно не сакал да направи трансфер во градскиот ривал.

Исто така Наполи е блиску до договор и со Рафа Марин кој минатата сезона од Реал настапуваше како позајмен фудбалер во Алавес.

Меѓу желбите на Конте се и Марио Ермосо, кој остана без клуб по завршувањето на договорот со Атлетико, како и Леонардо Спинакола, кој во моментов е без ангажман откако си замина од Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…