Дома Фудбал Конте: Хари Кејн е среќен во Тотенхем

Конте: Хари Кејн е среќен во Тотенхем

Менаџерот на Тотенхем, Анионио Конте тврди дека голгатерот Хари Кејн со ништо не покажува дека сака да си замине од клубот.

Кејн во текот на целото лето инсистираше на трансфер, но Тотенхем ги одби сите понуди, па напаѓачот остана во клубот.

„Хари покажа дека комплетно е фокусиран на проектот на Тотенхем. Го гледам секој ден и забележувам дека тој е среќен тука. Кејн е лидер на тренинзите, во соблекувалната и на теренот. Многу се радувам што го имам во тимот“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Форест е во опасната зона, Гласнер уверува: Нема откажување

Шест бода по осум кола и тешкиот распоред го зголемуваат притисокот врз Оливер Гласнер, но…