Дома Фудбал Англија Конте стави крај на шпекулациите: Останувам во Челзи до крајот на договорот!

Конте стави крај на шпекулациите: Останувам во Челзи до крајот на договорот!

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте одговори на шпекулациите и изјави дека има намера до крај да го одработи договорот со клубот од „Стенфорд Бриџ“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во последните денови често се шпекулира дека Конте на крајот на сезоната ќе се врати во Италија, но тој потврди дека ќе остане во Челзи до крајот на договорот, кој му истекува за 18 месеци.

„Од почетокот на сезоната има многу шпекулации за мојата иднина. Единствено што можам да ви кажам е дека имам уште 18 месеци договор со Чези и планирам да го одработам до крај. Мојата намера е да останам до последниот ден од договорот. Мислам дека и желбата на клубот е да ја продолжиме работата која ја започнавме“, изјави Конте.

Италијанецот притоа откри дека Алваро Мората се уште е повреден и нема да игра против Ватфорд, па можно е Оливие Жиру да биде во стартниот состав.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Садио Мане заврши со репрезентацијата!

Откако репрезентацијата на Белгија го исфрли Сенегал, се огласи и Садио Мане. Како ПАМЕТНО…