Дома Трансфер зона Конте спреми алтернатива, фудбалерот на Баерн нова желба на Италијанецот?

Конте спреми алтернатива, фудбалерот на Баерн нова желба на Италијанецот?

Трансферот на Алекс Окслејд Чемберлејн веројатно нема да се реализира, па Антонио Конте има нова мета.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Чемберлејн ги одби „сините“, неговата желба е трансфер во Ливерпул. Токму поради тоа екипата на Челзи своето внимание го насочи кон нов фудбалер, а тоа е Рафиња Алкантара од Баерн Минхен.

Како што пренесува германски „Билд“, официјалната понуда веќе пристигна на адреса на екипата од Минхен, а се очекува германскиот гигант да не застанува на патот на 31 годишниот фудбалер.

Рафиња е во втор план во Баерн и оваа сезона запиша само 23 минути во дресот на Баерн, Карло Анчелоти предност му дава на Џошуа Кимих, покрај тоа на оваа позиција Италијанецот може да го користи и Себастијан Руди, па Рафиња нема премногу да недостадува на бавраците.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…