Дома Фудбал Англија Конте преговара со нов клуб, ги сака Брозовиќ и Лаутаро

Конте преговара со нов клуб, ги сака Брозовиќ и Лаутаро

Антонио Конте после освојувањето на Скудетото го напушти Интер после несогласување со раководството на клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Конте имаше несогласувања со „нероаѕурите“ околу составување на тимот за наредната сезона и спогодбено го раскина договорот со Интер.

Како што информираат медиумите на Островот, Конте нема долго да остане без работа и веќе преговара со друг клуб.

Имено, Арсенал сака да го донесе на кормилото за да го наследи Артета, кој е пред отказ. „Топџиите“ имаат најлош старт на сезоната во својата историја, па се спремни да му дадат на Конте одврзани раце и голем буџет за да ги врати на врвот.

Конте побарал од раководството на Арсенал да му бидат донесени две ѕвезди на Интер, а станува збор за Марсело Брозовиќ и Лаутаро Мартинез.

На Брозовиќ договорот му истекува на крајот на сезоната, а Арсенал е спремен да му понуди двојно поголема плата, додека за Лаутаро „топџиите“ се спрмени да понудат 90 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Њукасл најде замена за Гордон, од Германија пристигна неверојатно крило за 42.000.000 фунти!

Нјукасл објави дека го ангажираше репрезентативецот на Слоновачка Брег, Базуману Туре, кој…