Дома Фудбал Англија Конте „купува“ време: Одиме чекор по чекор

Конте „купува“ време: Одиме чекор по чекор

konte

Тренерот на фудбалерите на Челзи денес побара време и трпение од навивачите и најави дека Челзи постепено ќе расте.

„Силен тим воопшто не е лесно да направите, потребно е да растете чекор по чекор, со што би го достигнале нивото на Реал Мадрид или Баерн. Во овој момент имаме доволно играчи во ротацијата и го започнуваме патот кон нешто важно“, изјави Конте на конференцијата за новинари во Лондон.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Потоа Конте зборуваше за противникот во Лигата на шампионите, натпреварување во кое „сините“ се враќаат после една година пауза.

„Карабах е добар тим. Познавам неколку нивни фудбалери бидејќи ја воде репрезентацијата на Италија во натпреварот против Азербејџан. Мораме да бидеме сконцентрирани и да го контролираме натпреварот, сето останато ќе дојде само по себе“, зборуваше Конте.

Тој истакна дека е исклучително важно Челзи да оди чекор по чекор.

„Минатата сезона никој не ни даваше големи шанси за освојување на Премиер лигата. Градиме нешто за кое е потребно време. Даваме се од себе и за мене е нешто ново да играте 60-65 натпревари во сезоната. На високо ниво, тоа воопшто не е лесно“, заврши Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Халанд се посрамоти: Од неколку метри промаши – празен гол! 🎥

Ерлинг Халанд во денешното градско дерби против Манчестер Јунајтед го имаше едно од најгол…