Раководството на Интер веќе работи на засилувања на тимот за следната сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најголеми промени може да претрпи средниот ред, каде Интер работи на трансферите на Артуро Видал и Сандро Тонали.
„Скај Спорт“ пренесува дека Антонио Конте е спремен да го „жртвува“ Марсело Брозовиќ за кого интерес покажуваат ПСЖ и Баерн Минхен.
ПСЖ и Баерн Минхен веќе стапиле во контакт со агентот на Хрватот, откако Интер му соопштил дека е спремен да го продаде.
„Нероаѕурите“ за слободата на Брозовиќ бараат 50 милиони евра, додека споменатите клубови се спремни да платат 40 милиони евра.