Италијанските медиуми веќе со денови пишуваат за преговорите на Јувентус и Интер околу трансферот на напаѓачот Мауро Икарди.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Новиот тренер на „старата дама“, Маурицио Сари сака да го засили нападот со одличниот напаѓач, но и човекот кој минатата сезона имаше големи проблеми со клубот поради застојот во преговорите за продолжување на договорот.
Икарди подобри услови се обидуваше да добие со глумење повреда и поради тоа му беше одземена капитенската лента. Аргентинецот сака да остане во Интер, но новиот тренер Антонио Конте нема иста намера и Јувентус се наметнува како примамлива опција.
Уште една опција која стана позната од вчера според тврдењата на италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио е и Наполи. Тие нудат 60 милиони евра плус бонуси.
Се напоменува дека преговорите помеѓу Интер и Јувентус траат со недели. Како замена за Икарди во Интер најмногу се споменува Ромелу Лукаку, додека Един Џеко на кого трансферот му изгледаше скоро завршен изгледа е се подалеку од „Џузепе Меаца“.
#Calciomercato | Dalla #Juventus al #Napoli: le ultime su #Icardi https://t.co/6C6UpoycOR
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) July 3, 2019