Тренерот на Порто, Серџо Консеисао беше задоволен од тоа како неговиот тим се претстави против Јувентус во Лигата на шампиони.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во првиот меч Порто оствари предност пред реваншот и поведи со 2:1.
„Тоа што дадовме гол толку рано не е случајно. Високиот пресинг заврши работа. Во текот на целото време дејствуваме многу организирано. Момците одиграа фантастично и заслуживме да победиме“, истакна Консеисао.
„Игравме на високо ниво и можевме да победиме со 3:0, но останува горчина за примениот гол, бидејќи не заслуживме. Јувентус упати прв удар дури во 70-та минута. Заслужено го победивме еден од најдобрите тимови во Европа“, додаде Португалецот.