Дома Останати Конор пак го шокира УФЦ светот: Се повлекувам, ви благодарам за неверојатните спомени

Конор пак го шокира УФЦ светот: Се повлекувам, ви благодарам за неверојатните спомени

Конор Мекгрегор повторно го шокира УФЦ светот најавувајќи негово пензионирање.

Непосредно откако на УФЦ 250 Аманда Нуненс доминантно ја победи Фелисија Спенсер контроверзниот Ирец одлучи да се прости.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Одлучив да се повлечам Конор Мекгрегор. Благодарам на сите неверојатни спомени. Какво патување беше ова. Оваа селика од мене и мојата мајка настана после една од освоените титули во Лас Вегас. Изберете го домот на своите соништа“, порача Мекгрегор на Твитер.

Последната борба Мекгрегор ја имаше во јануари кога за 40 секунди го нокаутираше Доналд Серон.

Ако Ирецот навистина се повлече ќе ја заврши кариерата со учинок од 22 победи и 4 порази. Треба да се спомене и дека и претходно Конор неколку пати најави одење во пензија, но повторно се враќаше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…