Дома Фудбал Англија Конечно добри вести и за Мурињо: Се враќа Баи!

Конечно добри вести и за Мурињо: Се враќа Баи!

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Ерик Баи кој што е надвор од терените од ноември поради повреда на глуждот, се врати во тимот на „црвените ѓаволи“ за утрешниот меч против Хадерсфилд во ФА Купот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, Жозе Мурињо нема да може да смета на Андер Ерера и Маркус Рашфорд, кои се здобија со повреди на мечот против Њукасл.

Баи има одиграно само десет натпревари за Манчестер Јунајтед од почетокот на сезоната, па неговото враќање сигурно ќе го израдува Жозе Мурињо и фановите.

Крис Смолинг и Фил Џонс имаа слаби партии во изминатиот период, а на „црвените ѓаволи“ им претстои многу важен натпевар во среда против Севиља во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона ги договори условите со големо засилување, ќе го купи за 80 милиони евра

Барселона е наоѓа пред сериозен чекор во обидот да доведе ново големо засилување за наредн…