Дома Фудбал Конечно добри вести за Милан: Се враќаат Ромањоли и Мусакио

Конечно добри вести за Милан: Се враќаат Ромањоли и Мусакио

Милан добро го пребродува периодот со многу повредени фудбалери, а наскоро некои од нив ќе се вратат во тимот.

Италијанските медиуми конечно пренесоа добри вести за Гатузо и тврдат дека двајцата дефанзивци Алесио Ромањоли и Матео Мусакио се пред враќање на терените.

Мусакио веќе почна да тренира со остантокот од тимот и ќе му биде на располагање на Гатузо за утрешниот меч со Олимпијакос во Лига Европа.

Ромањоли пак се очекува да се врати на терените на следниот првенствен натпрвар против Болоња.

Ова се одлични вести за „росонерите“ бидејќи сите дефанзивци беа повредени, па Гатузо мораше принудно на таа позиција да го користи Абате.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еднаш го одби Милан, сега повторно е на радарот на „росонерите“

Неизвесноста околу Первис Еступињан го враќа Арчи Браун меѓу опциите на Милан. Бекот на Фе…