Дома Трансфер зона Компани стави крај на шпекулациите: Откри каде ќе игра следната сезона!

Компани стави крај на шпекулациите: Откри каде ќе игра следната сезона!

Капитенот на Манчестер Сити, Венсан Компани стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина.

Неговиот договор со Манчестер Сити истекува на крајот на сезоната, но тој е убеден дека ќе продолжи да игра на „Етихад“ и следната сезона.

Минатиот месец медиумита на Островот објавија дека двете страни преговараат за нов договор, но се уште не можат да најдат заеднички јазик.

„Ќе играм тука следната сезона. Се друго е шпекулација. Јас сум дел од семејството, па затоа ќе се договориме како семејство. Можеби не се согласуваме за некои нешта, но тоа нема да ја промени нашата врска. Но, ова не е приоритет сега“, изјави Компани.

Белгиецот ја игра својата десетта сезона на „Етихад“, но во последните две сезони има големи проблеми со повредите.

Сепак, „граѓаните“ сметаат дека тој е многу важен како на теренот, така и во соблекувалната, па сакаат да остане и му предложија нов договор.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Дембеле веќе бара нов клуб, Челзи прв застанал во редот?

Свесен е Осман Дембеле дека за него нема да има место во Барселона во сезоната која следи.…