Дома Македонски спорт Мак фудбал „Комити“ приредија спектакуларна кореографија: Вардар во Маџари го сруши лидерот и излезе од опасната зона!

„Комити“ приредија спектакуларна кореографија: Вардар во Маџари го сруши лидерот и излезе од опасната зона!

Во рамките од 26. коло од ПМФЛ Вардар во Маџари успеа да слави над актуелниот шампион и лидер во првенството Струга Трим Лум.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Вардар беше подобар противник денес создаде повеќе прилики преку Омерагиќ и Лемос, а на крајот голот на одлука го постигна Ѓуриќ во 73. минута. Струга се прикажа во бледо издание, па вардарци заслужено славеа.

Со овие три бода Вардар ќе излезе од опасната зона и ќе дојде до осмата позиција пред Работнички и Воска Спорт.

За Струга пак од друга страна е добро што и второпласираниот Шкупи денеска претрпе пораз од последнопласираната Брегалница исто така со минимални 1:0. Единствениот гол на овој натпревар го постигна Пепи Ѓорѓиев.

Во останатите натпревари Тиквеш ја победи Брера со 3:1, додека немаше победник на средбите Македонија Ѓорче Петров – Шкендија и Воска Спорт – Работнички. Двата натпревари завршија 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…