Легендата на колумбискиот фудбал, Фаустино Асприља го советува својот сонародник Хамес Родригез да се пресели во Манчестер Јунајтед.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Хамес нема иднина во Реал Мадрид и ова лето сигурно ќе ја промени средината, а интерес за неговиот потпис покажуваат неколку европски гиганти.
„Олд Трафорд би бил идеално место за Хамес. Тамо веќе неколку години не освојуваат трофеи и планираат да направат победнички тим. Јунајтед располага со добри фудбалери и сметам дека Хамес лесно ќе се вклопи во тимот“.
„За него е важно да биде во клуб каде редовно ќе игра и ќе се чувствува важен. Со својот квалитет Хамес може да игра каде што ќе посака“, смета Асприља.