Аргентинската ѕвезда Лионел Меси е фудбалер со најголема заработка во моментов пред Кристиано Роналдо и Нејмар, открива еминентниот „Франс Фудбал“.
Кога ќе се соберат заработките од плата и рекламни договори, Лионел Меси годишно заработува 131 милион евра. Веднаш после него е Кристиано Роналдо со годишна заработка од 118 милиони евра, а на третото место е Нејмар кој годишно инкасира по 95 милиони евра.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
„Франс Фудбал“ традиционално ги проучува приходите на фудбалерите од 1999 година. Пред 21 година на врвот бил „Феноменот“ Роналдо кој годишно зарабптувал 55 милиони евра.
Во Топ фудбалери со најголема заработка се уште Герет Бејл со 38,7 милиони евра, Антоан Гризман 36,5 милиони евра и Еден Азар со 35 милиони евра.