Дома Фудбал Останато Коентрао предизвика инцидент со медицинската екипата: ВАР ги исклучи медицинарите (ВИДЕО)

Коентрао предизвика инцидент со медицинската екипата: ВАР ги исклучи медицинарите (ВИДЕО)

Несекојдневна ситуацијана синоќешното дерби во португалското првенство.

Синоќа во рамки на 25. коло во португалскиот шампионат одиграно е дербито помеѓу Порто и Спортинг. На крајот Порто славеше со 2:1, но натпревсрот не мина без тензија.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Посебно хаотична беше ситуацијата во 59. минута кога дојде до инцидент кој ја засени победата на Порто.

Порто веќе водеше со 2:1 кога некогашниот фудбалер на Реал Мадрид, а денес лев бек на Спортинг, Фабио Коентрао се најде во центарот на несекојдневен инцидент.

Топката излезе надвор од игра и се најде во рацете на еден од членовите на медицинската екипа покрај теренот. Коентрао сакаше што побрзо да ја уфрли топката во игра, па очигледно нервозен, бутна еден од медицинарите и предизвика хаос покрај теренот.

Тензиите очигледно беа на високо ниво, па набрзо по судирот се придружија и играчите на обете екипи. Сепак, тренерите и редарите успеаа да го прекинат буткањето, а бидејќи главниот судија не ја виде целата ситуација, мораше да интервенира и ВАР.

По прегледувањето на снимката беше одлучено од теренот да се оддалечат двајца членови на медицинскиот тим, додека Коентрао мина без судиски санкции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во инцидентите со хулиганите во Гелзенкирхен учестуввал и синот на Вучиќ

Неколку инциденти во Гелзенкирхен му претходеа на денешниот натпревар помеѓу Србија и Англ…