Дома Фудбал Останато Кога пред бројките молчат и боговите!

Кога пред бројките молчат и боговите!

Кристиано Роналдо синоќа три пати ја тресеше мрежата на Литванија и стигна до својот 55-ти хет-трик во кариерата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Роналдо стигна до 10от гол во овие квалификации и сега заостанува само еден гол зад Захави и Кејн, кои до бројката од 11 гола стигнаа во 11 меча, додека Португалецот има еден гол помалку.

За него ова беше хет-трикот број 55 во кариерата, од кои 9 ги постигна во националниот тим, а останатите 46 во клубовите за кои играше.

Исто така стигна до бројката од 98 погодоци во националниот дрес, се ближи до јубилејниот 100-ти погодок како и рекордот на Али Деаи. Тој исто така 13 години во низа постигнува повеќе од 30 погодока, и стана само вториот играч кому ова му пошло по легендарниот Пеле. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал сака да се засили од редовите на големиот ривал, но за него ќе треба да се плати големо богатство

Арсенал започна со акција на трансфер пазарот и покажува сериозен интерес за фудбалерот ко…