Дома Фудбал Репрезентации „Кога Македонија ја победи Германија, зошто ние да не ја победиме Австралија?“

„Кога Македонија ја победи Германија, зошто ние да не ја победиме Австралија?“

За победата на Македонија над Германија слушна целиот свет, а доказ за тоа е и последната изјава на селекторот на Непал, Абдулах Алмутари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, селекторот на Непал ја искористи победата на Македонија како мотивација за неговите фудбалери кои наредниот месец ќе играат со Австралија во мундијалските квалификации.

„Кога Македонија ја победи Германија, зошто ние да не ја победиме Австралија? Ако седиме во шеснаесетник и само се браниме тогаш сигурно дека ќе изгубиме, но ако играме офанзивно и напаѓачки тогаш се е можно. Нема да е срамота ако изгубиме од Австралија затоа и нема што да изгубиме. Македонија против Германија покажа дека ако играте на победа против кого и да е се може да се случи“, изјави Алмутари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Гански врач: Работам на Хари Кејн, веќе сум покажал за што сум способен

Ганскиот врач Нана Кваку Бонсам најави дека ќе фрли клетва врз капитенот на англиската реп…