Дома Фудбал Германија Ковач: Не можете да возите 200 километри на час ако автомобилот не ви вози повеќе од 100

Ковач: Не можете да возите 200 километри на час ако автомобилот не ви вози повеќе од 100

Tренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач не сакаше да го споредува својот тим со Ливерпул бидејќи има поинаков тип на играчи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двата тима го победија Тотенхем во изминатиот период. Баерн против „петлите“ во Лигата на шампионите славеше со 7:2, додека Ливерпул оствари триумф од 2:1.

На конференцијата за медиуми Ковач беше запрашан да го спореди својот тим со шампионот на Европа.

„Мораме да се прилагодиме на она што го имаме, ние имаме поинаков тип на играчи. Не можете да возите 200 километри на час ако вашиот автомобил оди најмногу до 100 километри на час. Затоа мораме да се прилагодиме на она што го имаме“, изјави Ковач.

Баерн во овој момент е второпласиран во Бундес лигата со бод помалку од Борусија Менхенгладбах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Силекс и Шкендија ги дознаа противниците во Конференциската лига

Македонските претставници ги дознаа своите противници за стартот на квалификациите во Конф…