Дома Трансфер зона Ковачиќ го напушта Манчестер Сити за Пеп да го доведе својот миленик?

Ковачиќ го напушта Манчестер Сити за Пеп да го доведе својот миленик?

Maтео Ковачиќ во последната недела ги искористите минутите дадени од Пеп Гвардиола, прво беше одличен во победата против Бормут, а потоа и постигна гол против Лутон во ФА Купот.

По подолго време за Ковачиќ тоа беше враќање во првиот состав. Уште од натпреварот на 31-jaнуари против Њукасл. Хрватот или беше на клупата и добиваше мала минутажа или воопшто не беше во составот.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Во претпоследното коло против Брентфорд доби само една минута, додека на двата претходни дуели со Евертон и Челзи не беше во составот.

Англиските медиуми сега пренесуваат дека Ковачиќ е блиску до заминување од Манчестер Сити, иако пред само една година „граѓаните“ за него платија 29 милиони евра. Причината е што Гвардиола сака во тимот да го доведе Џошуа Кимих, својот миленик од времето додека го водеше Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн Минхен ја купува ѕвездата на Лајпциг

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на Лајпциг и ш…