Дома Фудбал Клуб од шпанска Ла Лига заинтересиран за услугите на Миовски

Клуб од шпанска Ла Лига заинтересиран за услугите на Миовски

Како што пренесува „Скај Спортс Њуз“, Еспањол покажува интерес за македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.

Шпанскиот фудбалски клуб кој успеа да се врати во елитата сака да го ангажира напаѓачот на шкотскиот Абердин.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Изворот вели дека Миовски е една од главните цели на Еспањол ова лето.

Нашиот 25-годишен играч го привлече вниманието на европските клубови, а од претходно е познато дека во трката за Миовски се и италијанските екипи Болоња и Џенова.

Британските медиуми воедно информираат дека интерес за Македонецот има и од Англија, Германија и Холандија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола со порака до Халанд: Без контакти со Реал Мадрид до крајот на сезоната!

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, наводно му препорачал на својот напаѓач Ерлинг …