Дома Трансфер зона Клубовите се договориле, но Барела му дал „корпа“ на Челзи

Клубовите се договориле, но Барела му дал „корпа“ на Челзи

Новата италијанска ѕвезда и играч на Каљари, Николо Барела одбил да се пресели во Челзи за време на зимскиот преоден рок, пренесуваат медиумите на Апенините.

Двата клуба го договориле трансферот за 44 милиони фунти, но талентираниот играч за врска одбил да се пресели во Лондон. Барела е трансфер цел на најголемите италијански клубови и сака да остане во Серија А.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Каљари најпрво одбил понуда од Манчестер Јунајтед, а потоа не можел да каже не на високата понуда од Челзи.

Меѓутоа Барела му кажал „НЕ“ на англискиот клуб бидејќи сака на лето да се пресели во некој од италијаските гиганти. За него силен интерес покажуваат Јувентус, Интер, Милан и Наполи.

https://youtu.be/Ix3GvyV9T-s

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Специја му дала „корпа“ на Дани Алвес!

Најтрофејниот фудбалер Дани Алвес ја добил една од најголемите „шлаканици“ во кариерата Во…