Дома Фудбал Клоп ќе ги тренира сите, само нив НЕ: “Никогаш! Дури и да умрам од глад! Никогаш нема да ги водам!”

Клоп ќе ги тренира сите, само нив НЕ: “Никогаш! Дури и да умрам од глад! Никогаш нема да ги водам!”

Јирген Клоп го напушта Ливерпул по речиси девет години. Трофејниот специјалист кој ги направи „Црвените“ еден од најмоќните тимови во светот и освои се што можеше да се освои, заминува на крајот од сезоната.

Клоп несомнено е еден од најдобрите тренери на денешницата и сигурно е дека сите навивачи на Ливерпул се загрижени што ќе се случи со славниот клуб по заминувањето на Германецот.

И додека од една страна можат да се грижат за иднината, од друга страна можат да здивнат бидејќи Клоп никогаш повеќе нема да работи во Премиер лигата, што и самиот го потврди.

На прес-конференцијата пред натпреварот од ФА Купот против Норич, одличниот стручњак изјави дека може да тренира секаде, но дека друг клуб од Премиер лигата нема да го преземе дури и да гладува.

„Не знам што ќе се случи во иднина, но ниту еден клуб, ниту една земја, за следната година и ниту еден друг англиски клуб никогаш повеќе“, рече Клоп.

“Можам да го ветам тоа. Дури и да умрам од глад, никогаш нема да раководам со друг англиски клуб”, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Руни жестоко удри по Манчестер Јунајтед: „Многу од овие играчи не се доволно добри“

Легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, жестоко го критикуваше составот на клубот, дов…