Дома Фудбал Англија Клоп: Цел натпревар беше грешка!

Клоп: Цел натпревар беше грешка!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше исклучително незадоволен од изданието на своите избраници во поразот од Тотенхем на „Вембли“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тотенхем славеше со високи 4:1, но при постигнувањето на сите четири гола имаше помош од неспретните дефанзивци на Ливерпул.

„Целиот натпревар и резултатот, се е наша грешка. Направивме се за да му ја олесниме работата на Тотенхем. Се им дадовме на тацна, и тоа не е прашање на самодоверба. Едноставно мораш да бидеш 100% во натпреварот“, истакна Клоп.

Првиот и вториот гол Ливерпул ги прими после грешки на Дејан Ловрен, па Хрватот беше заменет после 30 минути игра.

„Не, навистина не вежбаме начин на бранење од аут. За вториот гол ја агубивме топката и Сон беше побрз од нашата одбрана“, заклучи Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бившиот тимски колега со остри критики за Роналдо: Бесен е заради хет-трикот на Меси!

Пол Сколс, некогашен соиграч на Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед, изрази незадовол…