Дома Фудбал Останато Клоп пред дуелот со Милан: Ќе играме со комбиниран тим

Клоп пред дуелот со Милан: Ќе играме со комбиниран тим

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп откри дека ќе игра со комбиниран тим на дуелот со Милан во Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ливерпул веќе го обезбеди првото место во групата и утрешниот натпревар на „Сан Сиро“ за „црвените“ нема резултатско значење.

„Ќе играме со комбиниран тим. Лекарскиот тим ќе ме убие ако почнеме со истиот тим повторно. Нормално е дека не можам да ги заменам сите фудбалери, но добро ќе ни дојдат свежи нозе на теренот. Игравме 5 натпревари за 14 дена и по оваа средба не очекуваат ист број дуели за сличен период“, изјави Клоп.

„Едвај чекам да играме на Сан Сиро. Ова ќе биде прв дуел за мене на овој легендарен стадион и сигурен сум дека ќе уживам“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

(VИДЕО) Најголемата грешка во кариерата на Муслера, Зеленортските Острови се квалификуваа и ќе играат против светскиот шампион!

Репрезентацијата на Шпанија денес во Гвадалахара успеа да го победи Уругвај со резултат 1:…