Дома Трансфер зона Клоп: Никогаш не би бил тренер на Манчестер Јунајтед

Клоп: Никогаш не би бил тренер на Манчестер Јунајтед

Денес на програмата е големото англиско дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед и после подолго време двата тима се борат за титулата.

Клоп пред дербито изјави дека е во одлични односи со легендарниот менаџер на „црвените ѓаволи“, Алекс Фергусон, но никогаш не помислил дека може да биде менаџер на Манчестер Јунајтед.

„Никогаш не би го водел тимот на Манчестер Јунајтед, тоа не сум го помислил ниту една секунда. Јас со Алекс Фергусон имав и се уште има прекрасен однос но јас сум среќен во Ливерпул. Ова е прекрасно место, дури и времето е поунаво отколку во Манчестер“, изјави Клоп.

„Се уште сме во добри односи со Сер Алекс, тоа што го водам неговиот ривал нема врска. Неодамна ми испрати СМС за да ми го каже неговиот нов број, а тоа е голема чест за мене“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус започна преговори со Депај

Италијанските медиуми пренесуваат дека главна трансфер цел на Јувентус во летниот преоден …