Дома Фудбал Лига на шампиони Клоп: Не сакав да го добиеме Порто за противник

Клоп: Не сакав да го добиеме Порто за противник

0

Tренерот на Ливерпул, Јирген Клоп даде прилично неочекувана изјава откако во денешниот ждреб за четвртфиналето во Лигата на шампионите во Нион за противник неговиот Ливерпул го доби португалски Порто.

„Црвените“ за ривал го извлекоа веројатно најпосакуваниот тим од оваа конкуренција, но Клоп според она што го изјави не е премногу задоволен.

Можеби Германецот посакуваше да игра против Барселона, Јувентус или Манчестер Сити отколку што Порто или пак само зборува во јавноста дека не е среќен.

„Што да ви кажам? Го извлековме Порто, знам колку добро треба да одиграме против нив. Минатата година се сретнавме. Во првиот натпревар убедедливо победивме, но во вториот видовме колку се силни. Не го делам мислењето со оние кои сметаат дека ова е добар ждреб за нас бидејќи не е така“, изјави Клоп па продолжи:

„Порто не беше на мојата листа желби. Мораме максимално да се спремиме за нив. Неопходно е да покажеме почит кон ривалот кој и да биде“, порача Германецот.

Како и да е мора да се признае дека најголем дел од фудбалската јавност ќе се сомнева во оваа изјава на Клоп. Тешко е да се поверува дека Клоп повеќе посакувал некој друг клуб отколку Порто. Сите противници имаа квалитет кои стигнале до тука, но Порто едноставно не може да се споредува со останатите први фаворити за трофејот во ЛШ.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Видео: Донарума го спаси Милан, сега „росонерите“ чекаат „помош“ од Јуве

Милан потешко од очекувањата го победи Фросиноне (2:0) и се врати на четвртата позиција на…