Дома Фудбал Клоп: Не е добро да се игра на секои два дена во ваква ситуација

Клоп: Не е добро да се игра на секои два дена во ваква ситуација

Менаџерот на Ливерпул, Јирген  Клоп изрази незадоволство од пренатрупаната програма во Премиер лигата.

Ливерпул е домаќин на Лидс на 26 декември во 19-то коло од Премиер лигата, а на 28 декември му гостува на Лестер во меч од 20-то коло.

„Не можам да не забележам пораснатата загриженост во опшеството и во фудбалот поради лошата ситуација со коронавирусот. За сите е тешко, но треба да играме додека не ни кажат спротивно“.

„Треба да се внимава со планирањето на натпреварите. Немањето на време за рехабилитација на фудбалерите може да биде многу опасна. Сметам дека не е добро  тимовите да играат на секои два дена во ваква ситуација“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити го следи талентот на Дортмунд: Алберт на радарот и на Челси и ПСЖ

Манчестер сити наводно има предност во трката за 17-годишниот Матис Алберт, а можниот тран…