Дома Трансфер зона Клоп најде дефанзивец во Франција: Го „краде“ пред носот на Челзи

Клоп најде дефанзивец во Франција: Го „краде“ пред носот на Челзи

Дефанзивецот на Лил, Габриел игра одлична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Англиските медиуми тврдат дека во трката за неговиот потпис се вклучил и Ливерпул кој во 22-годишниот Габриел гледа идеален партнер за Ван Дајк.

Приоритет на Клоп ова лето ќе биде доведување на дефанзивец, а цената на Габриел во моментов изнесува 35 милиони евра.

Интересно е тоа што пред само две години, Габриел пристигна на „Максимир“, но одигра само еден натпревар за Динамо и потоа беше преместен во вториот тим.

Оваа сезона блесна во дресот на Лил, играше во Лигата на шампиони и привлече големо внимание, а интерес за Бразилецот покажуваат уште Челзи и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…