Дома Трансфер зона Клоп имаше јасен став – Мињоле незадоволен, следна дестинација Серија А или Бундес Лига?

Клоп имаше јасен став – Мињоле незадоволен, следна дестинација Серија А или Бундес Лига?

На Ливерпул одлично му оди, а Белгиецот не е задоволен од својот статус на „Енфилд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Белгискиот чувар на мрежата Симон Мињоле неодамна го промени својот агент и јасно е дека тоа го направи со цел да си пронајде нов клуб.

Мињоле јасно истакна дека не сака да седи на клупата, а Јирген Клоп предност во овие моменти му дава на Лорис Кариус.

Како што пренесуваат белгиските медиуми, за Мињоле интерес покажале италијански Наполи и германска Борусија Дортмунд.

„Не сум среќен што седам на клупата за резерви, но среќен сум бидејќи момците се во добра форма и играат во четвртфиналето од Лигата на шампионите“, изјави Мињоле.

Кога во прашање е Јирген Клоп, Германецот имаше јасна порака.

„Никој не знае што носи иднината, барем јас не знам. Фудбалот е работа, правилата се секогаш исти. Не е на мене да размислувам кој е среќен, а кој не, ќе брани најдобриот“, порача Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…