Дома Фудбал Англија Клоп: Изгледа Јунајтед е единствениот тим кој сака да игра со нас во моментов!

Клоп: Изгледа Јунајтед е единствениот тим кој сака да игра со нас во моментов!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп се пошегува дека Манчестер Јунајтед е единствен тим кој сака да игра со „црвените“ во овој момент.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Викендов на програмата е големото дерби кое ќе се игра на „Олд Трафорд“, а пред мечот Солскјер истакна дека ова е вистински момент да се игра против Ливерпул, кој има максимален број бодови.

„Тие велат дека ние сме перфектен противник за нив во овој момент. Не мислам дека има многу тимови кои сакаат да играат со нас во овој момент. Изгледа Манчестер Јунајтед е единствениот“, се пошегува Клоп.

„Колку ги сакам овие натпревари? Многу. Тоа е солта во супата. Би сакал да се подготвувам за овој меч цела недела, но тоа беше невозможно поради репрезентативната пауза. Меѓутоа, иста е ситуацијата за двата тима“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Кристијано Роналдо мора да биде на теренот“: Селекторот на Португалија остро одговори на критиките

Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија Роберто Мартинес изјави дека немаш…