Дома Фудбал Англија Клоп за контроверзниот момент: Не би се заколнал дека е офсајд…

Клоп за контроверзниот момент: Не би се заколнал дека е офсајд…


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Mногу се коментира поништениот гол кој на Вулверхемптон (ТУКА) вчера можеше да му донесе победа против Ливерпул во третото коло од ФА Купот.

Менаџерот на Вулвс Јулијен Лопетеги очекувано ја критикуваше одлуката и тврдеше дека нема офсајд.

Меѓутоа и Јирген Клоп признава дека не може со сигурност да каже дека имало недозволена позиција.

„Не знам, по она што го видов на теренот мислев дека е гол. Наводно играчот во левиот агол бил во офсајд. Видовме снимка од еден агол во соблекувалната и според неа изгледаше дека има офсајд, но не би се заколнал дека е така“.

„Наводно во ВАР снимката ја гледале таа иста снимка. Така сфатив. Не знам како е тоа можно кога се случуваат такви работи ВАР не смее да се гледа од еден агол. Разбирам зошто во Вулверхемптон се бесни“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Монца во следните сезони ќе се бори за Скудето“

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Eкипата на Монца мин…