Дома Фудбал Клоп до новинар: Се шегувате со мене? Очигледно не можете да го дочекате декември

Клоп до новинар: Се шегувате со мене? Очигледно не можете да го дочекате декември

Неодамна заврши преодниот рок во кој посебно во финишот во центарот на вниманието беше Мохамед Салах.

Ал Итихад се обдидуваше да го доведе Египќанецот кој на крај остана на „Енфилд“, редовно на прес-конференциите Јирген Клоп добиваше прашање за неговата иднина.

Но, и од кога заврши преодниот рок, еден од новинарите одлучи повторно да постави прашање за Салах, а тоа малку и го налути Клоп.

„Вие се шегувате со мене? Една недела откако заврши преодниот рок во Саудиска Арабија ме прашувате за јануари? Очигледно не можете да го дочекате декември да го поставите ова прашање. Ќе видиме што ќе се случи дотогаш, сега воопшто не сум загрижен“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гарсија со болки во коленото, Ливаковиќ чека европско деби за Барселона

Флик размислува да го одмори првиот голман против Сабах, што би му донело на Ливаковиќ прв…