Дома Фудбал Англија Клоп го стопираше трансферот на играчот на Ливерпул

Клоп го стопираше трансферот на играчот на Ливерпул

0

Ливерпул очигледно во своите редови, освен сите познати ѕвезди има и неколку доста талентирани играчи.

Еден од оние кои добија шанса во првиот тим е и 18-годишниот Рафаел Камачо, кој во понеделникот заигра на натпреварот во ФА Купот против Волвс.

Наводно младиот Португалец оваа зима требаше да биде испратен на позајмица во Спортинг Лисабон, но според британските медиуми, тренерот Јирген Клоп го стопирал трансферот.

Иако Камачо на позајмица требаше да помине шест месеци, Клоп смета дека овој млад фудбалер може да му помогне во останатиот дел од сезоната.


Следете го Sportski.mk и на


Природна позиција на Камачо е централен везен играч, но добро се снаоѓа и на бековските позиции, па така против Волвс играше на позицијата десен бек.

Токму поради фактот што Камачо може да ја покрие таа позиција, а Клајн ја напушти екипата и замина на позајмица во Борнмут, Клоп реши да го задржи младиот Португалец.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Готово: Унаи Емери го добива посакуваното засилување!

Англиските медиуми пренесуваат дека играчот на Барселона, Денис Саурез е на чекор од транс…