Дома Фудбал Киелини: Суперлигата е неопходна!

Киелини: Суперлигата е неопходна!

Капитенот на Јувентус, Џорџо Киелини смета дека формирањето на Суперлига е неопходно за спас на европскиот фудбал.

Јувентус, Реал Мадрид и Барселона се единствените три клуба кои официјално не се откажаа од таа идеја.

„Зборувам со претседателот Ањели на оваа тема веќе неколку години. Иднината на фудбалот се насочува кон Европа, а не кон националните пррвенства. Фудбалските клубови на нивото на Јувентус сакаат да играта такви мечеви, а и фановите сакаат да гледаат такви натпревари. Институциите и клубовите треба да се состанат, да ги отстранат разликите за да создадан нови натпреварувања како Суперлигата. Во САД веќе создадоа Суперлига во секој спорт и европскиот фудбал има потреба од Суперлига“, изјави Киелини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германија ја прегази Холандија со 5-0: Вирц блесна на јубилејот!

Флоријан Вирц го одбележа 50. настап за Германија со два гола, а избраниците на Јирген Кло…