Дома Трансфер зона Кејлор Навас пред трансфер во Премиер лигата

Кејлор Навас пред трансфер во Премиер лигата

Како што стојат работите ПСЖ би можел да се ослободи од Кејлор Навас откако голманот се согласил да го напушти „Паркот на принцовите“ и да продолжи во Премиер лигата.

Информациите се дека Нотингем Форест покажал интерес за Костариканецот и веќе ги договорил личните услови. Преостанува само двата клуба да ги договорат деталите за трансферот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Се обидуваше ПСЖ да го продаде Навас и во текот на летото, но тогаш голманот одби неколку понуди инсистирајќи да остане и да се бори за првотимски статус.

Сепак, неколку месеци подоцна на Навас му стана јасно дека нема да има шанса за докажување од тренерот Галтие, па самиот побарал да ја промени средината.

Од друга страна Нотингем остана без првиот голман откако се повреди Хендерсон и за „шумарите“ Навас е прва опција и сакаат соработка на најмалку две години. Англиските медиуми тврдат дека голманот ја прифатил понудата и се очекува сега тоа да го направи и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…