Дома Фудбал Италија Квардадо за Меси: Никој не веруваше и дека Роналдо ќе дојде во Јувентус

Квардадо за Меси: Никој не веруваше и дека Роналдо ќе дојде во Јувентус

Фудбалерот на Јувентус Хуан Квардадо изјави дека му е тешко да ги замисли Роналдо и Меси во ист тим.

Откако Аргентинецот побара од Барселона раскинување на договорот во спортската јавност се шпекулира каде би можел да ја продолжи кариерата.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Квардадо не верува дека двајцата најдобри играчи во претходната деценија можат заедно во Јувентус.

„Тоа воопшто не можам да го замислам. Едноставно не верувам дека тоа може да им се случи. Но, луѓето не веруваа ниту за Кристијано, па и тој заврши во Јувентус“, изјави Колумбиецот за „ЕСПН“.

Тој додаде и дека се уште не знае какви се плановите на новиот тренер Андреа Пирло кога во прашање е неговата улога на тимот.

„Немав прилика да разговарам со него. Кога ќе дојде ред ќе му кажам каде најмногу сакам да играм“, изјави искусниот фудбалер кој во Јувентус игра од 2015.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…