Дома Фудбал Останато Барселона ќе жали: Одбиле да преговараат за Мбапе!

Барселона ќе жали: Одбиле да преговараат за Мбапе!

mbappe

Дефинитивно ова е една од најголемите грешки на Каталонците во нивната историја.

Имено, Барселона имала можност да го ангажира Мбапе откако Французинот со Монако во 2017 година ја освои титулата во Лига 1.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


И тоа ова не е некоја медиумска шпекулација, туку изјава од човекот кој е задолжен за кариерата на веројатно најголемиот талент во фудбалот кој е појавил во последната деценија.

Мбапе тогаш се поврзуваше и со Реал Мадрид, но на крајот ПСЖ победи во трката и доведе вистински „дијамант“ во своите редови.

„И понудив можност на Барселона да седнеме и да преговараме за Мбапе, но тие не беа заинтересирани. Според мене направија голема грешка која ќе ги следи и во наредните години. Контактот со Барселона го воспоставив поради тоа што таткото на Мбапе ми кажа дека тој би бил среќен ако има можност да игра со Меси“, објасни менаџерот на Мбапе Марија Мингуела.

Навистина желбата на Мбапе, ако се вистина зборовите на неговиот менаџер е интересна ако се знае дека уште на најмали нозе идол на Мбапе е Кристиано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан го сака братот од ѕвездата на Интер

Милан покажува сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат ита…