Дома Фудбал Касано со предлог: Судиите во ВАР треба да се заменат со поранешни фудбалери

Касано со предлог: Судиите во ВАР треба да се заменат со поранешни фудбалери

Aнтонио Касано често пати е присутен во медиумите со изјави за актуелните случувања во фудбалот.

Во својатап оследна анализа Касано зборуваше за судиите во ВАР собата и смета дека место судии во ВАР треба да седат поранешни фудбалери.

„Не го кажувам ова првпат, ќе повторам. ВАР собата за мене е непотребна, судиите на терен треба да носат одлуки, а технологијата да помага за гол-линиите и офсајдот. Ако веќе треба некој да прави проценка, тогаш во таа соба место судии треба да се постават поранешни фудбалери. Некој кој играл фудбал би имал многу подобро чувство за тоа како би се развивала акцијата“, изјави Касано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Животот без Меси почна со пораз: Уругвај ја замолкна „Бомбонера“

Аргентина загуби со 1:2 во првиот настап по заминувањето на Лионел Меси. Ниту разиграниот …