Италијанскиот напаѓач Антонио Касано и понатаму е без клуб, а вниманието на јавноста го привлекува со своите контроверзни изјави.
Касано во последните неколку месеци често ги менуваше тврдењата за тоа дали продолжува со активното играње фудбал или става крај на кариерата. Неговиот последен ангажман беше во Верона, а тешко е да се каже што е неговиот следен потег.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Контроверзниот фудбалер овој пат зборуваше за „Раи Спорт“ и призна дека се „уништил“ самиот себе.
„Јас сум проблематичен бидејќи не знам во какво расположение ќе се разбудам. Можев да играм секаде, но имав проблем бидејќи не ги сакав тренинзите и сакав да хранам само онака како што јас сакав. Така се уништив себе си. Играв за најдобрите клубови во светот како што се Реал, Интер и Милан. Доколку размислував малку повеќе, би бил како Меси, Нејмар и уште неколкумина“, зборуваше Касано.
Популарниот „фантантонио“ потоа зборуваше за сегашната состојба во Серија А и фудбалот воопшто.
„Франческо Тоти и јас игравме фудбал на улица. Трчавме помеѓу автомобилите за да стигнеме до топката. Денес е се организирано и испланирано, сите имаат свои модерни телефони и видео игри. Фудбалот не би требало да биде хоби за оние кои го играат, туку страст и радост“, изјави Касано.