Дома Фудбал Англија Карагер: Ливерпул треба да се плаши за Топ 4, не за титулата

Карагер: Ливерпул треба да се плаши за Топ 4, не за титулата

Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер, кој во моментов работи како стручен коментатор во „Скај Спорт“, смета дека „црвените“ треба да се загрижени за пласман во Топ 4 оваа сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ливерпул синоќа доживеа шокантен пораз од Барнли и влегоја во серија од пет меча без победа, па заостануваат шест бода зад лидерот Манчестер Јунајтед.

„За титулата ќе биде навистина тешко бидејќи разликата сега е шест бода. Ливерпул треба да започне да се грижи за пласман во Топ 4. Прво треба да се вратат на победите, пред да мислат за одбрана на титулата. Тимот изгледа многу лошо, фудбалерите излегоја од форма, а многу тимови се борат за Топ 4“, изјави Карагер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Еуромилк, Кожуф и Камјани ќе играат во ВМФЛ!

Познати се три од четирите екипи кои од следната сезона ќе настапуваат во Втората македонс…