Дома Фудбал Капитенот на Мароко: Разочарани сме, но го сакаме третото место!

Капитенот на Мароко: Разочарани сме, но го сакаме третото место!

Мароко е најпријатно изненадување на Мундијалот во Катар, а капитенот на репрезентацијата Роман Саис се надева дека ќе ја победат Хрватска во битката за третата позиција.

Репрезентативците на Мароко синоќа немаа сила за ново изненадување и победа против актуелниот светски шампион Франција (0-2), па Саис вели дека се разочарани со поразот.

„Разочарани сме поради поразот, но сакаме да одиме до крај и би било убаво ако го освоиме третото место.

Ова ќе биде големо искуство за нас. Во фудбалот сè е можно кога ги правиш вистинските работи“, вели Саис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Овоно доби 12 меча суспензија по кобниот судир со Де Мигел

Голманот на Андора ја доби максималната дисциплинска казна по стартот врз напаѓачот на Тен…