Дома Фудбал Англија Капитенот Кошчелни одби да отпатува на припреми со Арсенал

Капитенот Кошчелни одби да отпатува на припреми со Арсенал

Во Арсенал моментално се случуваат чудни работи.

Освен што имаат мал буџет за трансфери и се уште не донесоа ниту едно засилување, сега имаат нови проблеми.

Имено, капитенот на овој клуб, Кошчелни одбил да патува со екипата на припремите во САД, а за ситуацијата се огласи и клубот.

„Разочарани сме од однесувањето на Кошчелни, кој се спротиставува на нашите упатства. Следното соопштение околу овој проблем ќе биде откако ќе го решиме истиот.“ – стои на официјалната страница на Арсенал.

Се чини дека пишувањата во англиските медиуми дека Французинот сака да ги напушти Топџиите не биле погрешни, а тоа се докажува со потегот на самиот играч.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ѕвезда на Барселона ќе паузира неколку недели поради полова болест

Играчот за врска на Барселона, Артур боледува од венерична болест гонореа, или како што е …