Дома Фудбал Италија Капело „пука“ во центар: Џабе Икарди излегува на терен кога капитенот на Интер е во неговиот дом!

Капело „пука“ во центар: Џабе Икарди излегува на терен кога капитенот на Интер е во неговиот дом!

0

Вчерашниот ден беше вистински кошмар за сега веќе поранешниот капитен на Интер, Мауро Икарди.

Аргентинскиот голгетер го помина најлошиот ден од кога е член на Интер. На Икарди прво му беше соопштено дека повеќе нема да биде капитен на тимот и дека таа должност во иднина ќе ја извршува искусниот голман Самир Хандановиќ, за неколку часа подоцна да биде исфрлен од тимот на Интер за натпреварот против Рапид Виена.

Многу брзо потоа се појавија и причините. Изгледа дека за се е виновна неговата сопруга и агент Ванда Нара. Наводно, Марота му порачал на Икарди дека неговата сопруга не смее јавно да зборува каде што ќе стигне за случувањата во Интер.

Ванда неодамна во една тв емисија зборуваше за тоа дека клубот не го штити доволно Икарди, додека претходно често пати се огласуваше поради преговорите за новиот договор.


Следете го Sportski.mk и на


Икарди тоа го плати со одземање на капитенската лента и место во тимот.

На оваа тема сега зборуваше легендарниот Италијанец, Фабио Капело кој испрати порака до Аргентинецот.

„Во соблекувалната на еден тим во никој случај не смее да се дозволи сопругата на фудбалерот кој е капитен да зборува што ќе стигне во јавноста на штета на клубот. Џабе Икарди се поздравува со судијата на натпреварот кога очигледно капитенот на Интер е во неговиот дом“, изјави Капело за „Скај“.

Според Капело ова е одлука на Марота.

„Од она што го знам и што го анализирав сметам дека ова е одлука на Марота. Тој сака да испрати јасна порака дека ниту еден играч не е над клубот, па дури тоа и да е капитенот“, смета италијанскиот стратег.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Суровата доминација на Манчестер Сити изразена во бројки

Пред нас е завршницата на една од најинтересните трки за титулата во Премиер лигата. Брани…