Дома Фудбал Останато Капело пак за Роналдо: Беше предебел и најлош на теренот

Капело пак за Роналдо: Беше предебел и најлош на теренот

Фабио Капело неодамна во изјава за „Скај Спорт“ истакна дека имал големи проблеми со легендарниот бразилски фудбалер Роналдо во текот на сезоната 2006/2007 во Реал Мадрид и дека било добро што заминал во Милан во 2007 година.

„Најталентираниот фудбалер кој некогаш сум го тренирал е Роналдо. Но во исто време беше играч кој ми создаваше најмногу проблеми. Се забавуваше и правеше се што не треба. Еднаш Ван Нистерлој кажа: Тренеру, соблекувалната смрди на алкохол“, изјави Капело претходно.

Набрзо по оваа негова изјава се јави Ван Нистерлој кој порача дека тој такво нешто никогаш не кажал. Поради тоа Капело повторно беше побаран и се огласи во програмата на „Кадена СЕР“.

„Не лажам. Не би измислувал нешто за некој кој го сакав како играч. Лично никогаш не сум почувствувал алкохол, но бев на другата страна од сболекуваланта, но сега да не правиме голема работа од нешто мало“, одговори Капело, а потоа повторно го спомена Роналдо:

„Имаше импресивни квалитети и мислев дека со Ван Нистерлој ќе постигне многу голови. Меѓутоа изгубивме шест натпревари. Едно време беше предебел и не сакаше да ја контролира тежината, да ослабе. На хартија можеби беше најдобар, но на теренот најлош“, истакна италијанскиот стратег.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Харгривс: Вернер ќе ја грее клупата во Ливерпул

Раководството на Ливерпул веќе подолго време работи на трансферот на напаѓачот на Лајпциг,…