Замена за Жарко Пешевски кој замина во Мотор Запорожје од Металург  ќе биде Младен Ракчевиќ се зборува одамна. И клубот и играчот потврдија дека се блиску до договор и потоа целата приказна се загуби низ архивите на интернет медиумите.

Но за еден од македонските медиуми, Ракчевиќ призна

„Се е договорено, сега треба да договориме само уште кога ќе треба да дојдам“, изјави Ракчевиќ

Младен Ракчевиќ (36) во Македонија играше за Вардар од 2004 до 2009, а потоа од 2009 до 2013 го носеше дресот на Металург. Кога во „Автокоманда“ почнаа големите промени, замина накратко во АЕК, а потоа се скраси во романската Констанца каде што играше до сега.

Коментари
loading...
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Успешна контрола пред стартот на ЕХФ Шампионатот за младинската ракометна селекција

Младинската репрезентација на Македонија изминатиов период се наоѓаше на подготовки во Мав…