Дома Фудбал Италија Како Фабиан Руиз дојде во Наполи? Виновна е снаата на Анчелоти

Како Фабиан Руиз дојде во Наполи? Виновна е снаата на Анчелоти

0

Шпанскиот играч за врска, Фабиан Руиз ова лето пристигна во Наполи од Бетис за сума од 30 милиони евра.

Шпанецот беше доведен како замена за Жоржињо и веднаш се покажа како големо засилување за Наполи бидејќи прикажува одлични партии.

„Мојата кариера во Серија А не започна добро, на стартот се повредив и мораше да паузирам три недели. Сега е се одлично, уживам и среќен сум во Наполи. Анчелоти е фантастичен тренер, тивок и близок со играчите“, изјави Фабиан Руиз.

Интересно е како Шпанецот заврши во Наполи, за тоа е виновна снаата на тренерот Анчелоти.


Следете го Sportski.mk и на


„Синот на Анчелоти, Давиде ме препорача да ме купат. Неговата вереница е од Севиља и често доаѓаше таму. Кога доаѓаше кај неа ги гледаше натпреварите на Севиља и Бетис. Ме видел како играм во неколку наврати и му предложил на Анчелоти да ме купи. Се запознав со него и неговата вереница и им се заблагодарив, поради нив сум овде“, откри Руиз.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Видовме се: Продолженија, исклучување, супер гол на крајот шампион е – Ривер! (ВИДЕО)

Денес после неколку одложувања конечно се одигра долгоочекуваниот реванш во „Суперкласико“…