Дома Фудбал Како Роџер Федерер му помогнал на Манчестер Јунајтед да ја освои Европа во 2008 година?

Како Роџер Федерер му помогнал на Манчестер Јунајтед да ја освои Европа во 2008 година?

На 12 годишнината од последната титула на Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите, „Експрес Спорт“ се потсети на влијанието кое го имал Роџер Федерер за тоа да се случи.

Поранешниот тренер во клубот од „Олд Трафорд“ Рене Мауленстен откри дека користел снимки од мечевите на Роџер Федерер за да им помогне на играчите со псхичикиот фокус пред финалето во 2008 година кога Јунајтед го победи Челзи после изведувањето на пенали.

Манчестер Јунајтед пред тој натпревар без титулата шампион на Европа беше девет години. Сер Алекс Фергусон беше под притисок, но во својот тим имаше играчи како Руни, Роналдо, Тевез…

„Љубител сум на тенисот и секогаш сум се воодушевувал на Федерер и начинот на кој тој ги контролира емоциите. За момците избрав пет исечоци од Федерер и ги замолив да напишат за кој турнир станува збор, кој сет е во прашаее и кој поен. Погодија дека станува збор за Вимблдон, но не знаеа за кој сет или поен се работи. Поентата која тогаш сакав да им ја кажам е дека каде и да играше Федерер победуваше и се прикажуваше во најдобро светло кога беше најпотребно“, објасни Мауленстен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ниту 150.000 евра не му ја отворија вратата: Гарсија остана без Динамо

Оскар Гарсија понудил да ја врати целата дотогашна заработка во Погон за да замине во Загр…