Дома Фудбал Како по обичај: Се јави сестрата на Роналдо и удри по сите📷

Како по обичај: Се јави сестрата на Роналдо и удри по сите📷

Кристиано Роналдо во последниов период е во центарот на вниманието, а голема прашина се крена откако селекторот го остави на клупата за резерви против Швајцарија.

Очекувано тоа ги вклучи во полемиките и членовите на неговото семејство, па со свој коментар како по обичај се јави неговата сестра, Елма Авеиро.

„Би ги замолила оние 1% очајници и лицемери да не зборуваат ср*ња за мојот брат. Немој да ја гризете раката што ве храни. Подржувајте ја Португалија кој и да игра, Португалија е екипа, не е само Роналдо. Честитки за екипата, селекторот, а посебно за Роналдо. Тој ќе биде вечен. Горда сум на тебе, на се што си и што претставуваш на овој свет. Остани таков каков што си“, порача Елма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малар и Балтимор го спасија Челси: Пресврт против Палас за врвот на табелата

Челси губеше на паузата, но со два гола на Мелвин Малар и одличен настап на резервистката …